Поврзете се со нас

Англија

Де Брујн откри дека имал чуден разговор со Мурињо пред да си оди од Челси: На маса имаше листови и почна да чита

Објавено

на

blank

Белгискиот интернационалец, Кевин Де Брајн важи за еден од најдобрите фудбалери во Премиер лигата во овој момент.

Играчот од средниот ред блеска во тимот на Манчестер Сити со кој е пред освојување на нова титула во Премиер лигата, трета како член на „граѓаните“.

Де Брајн пред дерби пресметката со Манчестер Јунајтед се сети на моментите кога неговата кариера стагнираше додека беше играч на Челси под водство на Жозе Мурињо. Белгиецот го откри последниот разговор кој го имал со Мурињо и по кој било јасно дека тој ќе си оди од клубот.

– Имаше многу написи во медиумите за мојот однос со Жозе Мурињо. Но, вистината е дека со него зборував само два пати. Планот ми беше да одам некаде на позајмица. Жозе ме повика во канцеларијата во декември, тоа беше веројатно вториот голем момент кој ми го промени животот. Имаше некои хартии преднего и само рече: „Една асистенција, нула голови. Десет украдени топки“.

– Ми требаше минута да разберам што прави. Потоа почна да ја чита статистиката на другите играчи од офанзивата, Вилијан, Оскар, Мата, Ширле.

– Жозе беше љубезен и го чекаше мојот одговор, а јас му реков дека некои од тие играчи играле 15, 20 натпревари. Јас играв само три и дека поинаку треба да гледа на нештата. Беше чудно, јас бев целосно искрен. Потоа му реков: „Чувствувам дека клубот нема потреба од мене. Сакам да играм фудбал и сакам да ме продадете“.

– Одлучив да одам во друг тим затоа што не чувствував дека ќе добијам шанса во догледно време. Најдобрата одлука беше да си заминам од Челси и да одам во тим во кој ќе може да почнам од почеток. Дали очекував кариерата да ми се одвива вака? Очигледно не, затоа што во тој момент бев на најниско ниво на самодоверба и во најлош период од мојата кариера, но никогаш не се сомневав во моите квалитети како фудбалер, -изјави Кевин Де Брујн за „Скај Спортс“.

Белгискиот интернационалец по Челси се пресели во Волфсбург од каде направи трансфер во Манчестер Сити вреден 55 милиони фунти, трансфер кој тотално му го промени текот на животот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни