Давитков си пронајде нов клуб на Блискиот Исток (Фото)

Makedonija-Portugalija-Davitkov

Јорданчо Давитков во месец март го прифати предизвикот да се врати во македонската кошаркарска репрезентација во обидот да ја врати кошарката во нашата земја онаму каде што и е местото, а по првичнотот разочарување во претквалификациите за СП, стана јасно дека искусниот македонски стручњак ќе има многу работа пред себе во иднина.

Желбата на Давитков да се бори за доброто на македонската кошарка не спласна и по августовското разочарување, а од сега, покрај обврските во репрезентацијата, Јорданчо ќе има и клупски обврски бидејќи успеа да си пронајде нов клуб на Блискиот Исток, онаму каде што посебно се докажа во изминативе десетина години.

Давитков својата кариера ја продоложува во Обединетите Арапки Емирати во екипата на Банијас од Абу Даби, а ваквата вест ја потврди и самиот тој со објава на социјалните мрежи.

Facebook Коментари