Давитков ја посочи најсилната страна на Словачка: Ќе имаме проблеми со…

mkd

Нашата сениорска кошаркарска репрезентација утре од 18 часот во Попрад против Словачка го игра првиот меч од претквалификациите за Европското првенство во 2021 година.

Тоа е ривал кој добро ни е познат, ривал со кој летово одигравме две средби,  првата ја добија Словаците, а пак втората не го доживеа крајот поради нееднаков аршин на судиските арбитри.

Желбата на нашите момци е да дојдат до поволен резултат, но селекторот Јорданчо Давитков знае дека ќе биде тешко да се дојде до истиот.

– За овој претквалификациски циклус се може да се очекува. Составот е тој ако се тргнат на страна несреќните повреди на Чековски, Трајковски и таа на Костоски. Репрезентацијата е подмладена со играчи кои ќе бидат идните лидери. Словачка ни е сериозен противник со двајца Американци,  па ќе се обидеме да го извлечеме најдоброто Мислам ќе имаме поголеми проблеми со надворешните линии, Американците се одлични шутери, додека нивните високи играчи  и не толку. Не гледам некој дополнителен посебен психолошки притисок, Словачка во февруари ќе треба да дојде до Македонија. Притисокот треба повеќе да биде кај нив, ќе се обидеме да изиграме и да го дадеме максимумот, -рече Давитков.

Facebook Коментари