Давидовски за дуелот со Иџе: Таква агресивност е непотребна, ќе го ревидирам својот пристап!

davidovski-honda

Иџе Стефановски и Виктор Давидовски имаа македонски дуел на легендарната патека Монца во Италија, битка која на крајот ја доби далеку поискусниот Иџе во ситуација кога нашите претставници имаа и контакт во еден момент.

Стефановски по крајот на трката посочи дека станувало збор за навистина жесток дуел во кој никој не сакал да попушти, но сепак Давидовски не гледа резон на една ваква беспоштедна битка, особено кога двајцата можеа да си нанесат голема штета во ситуација кога не се борат за некое значајно место.

На вчерашната трка во ТЦР шампионатот, Стефановски и Давидовски заврши еден зад друг (15 и 16), а додека Иџе беше воодушевен од битката, Виктор посочи дека во иднина ќе размисли дали ќе ризикува во ситуација кога се борат за 15-то место.

– Беше убаво да се види дека можеме да бидеме во иста секунда со конкурентите, како и да се напредува по цела секунда од сесија до сесија. За жал една грешка во квалифилациите беше пресудна да не успееме да се прешалтаме во борба за бодови. И во втората трка влегов со оптимизам, возилото беше добро подготвено, но бев преокупиран да го сочувам. Како за белја, влеговме во дуел токму со Иџе кој се обиде да ме престигне од надворешна страна, па од тој допир двајцата имавме сериозна штета. Сметав дека таква агресивност е непотребна кога сме на опашката од колоната, па ќе го ревидирам својот пристап во иднина за ваквите дуели. И од оваа трка извлековме многу поуки, но повторно се соочивме со данокот на неискуството, – истакна Давидовски за „Дерби“.

Facebook Коментари