Давидовски за „Дерби“: Спа Франкоршамп беше само почеток

Davidovski_Spa_02_2017

Виктор Давидовски во интервју за „Дерби“ минатата седмица откри дека идната сезона ќе настапува во трките од светското првенство на „TCR“ серијата, а викендов беше во мисија за собирање искуство на легендарната патека Спа Франкоршамп.

Тој учествуваше во трката на издржливост за туринг возила со спецификација за „TCR“, која се возеше во два дела: три часа во сабота попладне и девет часа во недела претпладне.

ДЕРБИ: Честито „сефте“, како си задоволен од постигнатото?

И во претходното интервју кажав дека во овој период до почетокот на следната сезона планирам да возам на повеќе трки како подготовка за она што ме очекува идната сезона, па во таа смисла овој настап на Спа Франкоршамп е само почеток. Поминав преку 600 километри во автомобил каков што возеше Иџе претходната сезона, возило кое не е најново, но за мене беше добар вовед во она што ми претстои. Поради променливите времснки услови на патеката имав можност да се испробам во штелувањето на возилото за разни услови, така што генерално целта беше постигната.

ДЕРБИ: Што ти е најголемата сатисфакција од ова тестирање?

– Имајќи предвид дека прв пат возев со ова возило, а немав претстава ни за патеката, ни за правилата, сакав да поминам што е можно повеќе километри. Иако имавме дефект во трката и поминавме три часа во боксот, сепак има еден момент што мене лично многу ми значи, а тоа е времињата по круг кои ги постигнав. Најголемо олеснување ми е фактот дека со времето што го извозев би обезбедил и пласман на главната трка од светското првенство, што за мене како дебитант е мошне важно.

ДЕРБИ: Дали има нешто што може да се извлече како поука за подобри перформанси во иднина?

На оваа трка јас извозев повеќе километри отколу во текот на целата сезона што ја возев во Србија и стекнав први искуства за автомобилите од оваа категорија. Сепак, имавме технички проблеми, но сепак мора да нагласам дека ова искуство беше со аматерски тим во кој само го изнајмивме седиштето, иако проблеми имаа и големите професионални тимови. За светското првенство ќе мора да склопиме перфектно организиран и сериозен тим, па моментално сум сконцентриран на таа тема.

Davidovski_Spa_09_2017

Facebook Коментари