Македонија
Давидовски викендов настапува во Бахреин на трка од WTCR

Викендов на програмата е претпоследната трка од WTCR, која за македонската публика има огромно значење поради историскиот прв настап на нашиот возач Виктор Давидовски.
Откако по четири години искуство ја замени Хонда со Ауди, Давидовски оваа сезона имаше најмногу бодови и стигна до најголемиот успех во кариерата како победник на трката во Франција.
На денешните квалификации за трката во Бахреин не успеа да ја оствари личната цел да биде меѓу најдобрите 12 возачи кои продолжуваат во втора квалификациска сесија и се најде на 15 место.
– Минативе години бевме сведоци дека возачи од светското првенство доаѓаа да се натпреваруваат во ТЦР Европа и најмалку стравувавме од конкурентите. Зацртав скромна и остварлива цел, а тоа беше да влезам во втората квалификациска сесија, затоа што на тој начин ќе имав подинамична трка. Доколку го повторев времето од вториот тренинг, тоа и ќе се случеше. Не сакам да барам оправдување, но во ова натпреварување имаме поинакви пневматици, кои даваат подобар контакт со подлогата во првиот круг, но со нив и тркалата полесно блокираат. Ситна непрецизност во сопирањето и шансата за подобрување на резултатот отиде во неповрат. Дополнително, патеката вчера беше со повеќе песок, денес изненадувачки чиста и се забележа еволуција, триењето на гумите беше на повисоко ниво, а со тоа и температурата во вториот книг на возењето беше висока. Однапред знаевме дека патеката во Бахреин е помалку „наклонета“ кон возилото на Ауди, па така и Том Коронел и Франко Џиролами се на крајот од колоната. Генерално, на сите полиња имавме помали проблеми, но дефектот кој ме оневозможи да ги возам оние 45 минути од вчерашната прва тренинг сесија, најмногу влијаеја за да бидеме подготвени за денес. Имам верба во механичарите дека ќе подготват добар автомобил за првата трка денес, па со тоа сите ќе имаме можност да го поправиме впечатокот!
Втората трка се вози в сабота, а ќе биде емитувана на „Телевизија 24“ со почеток во 18 часот и 20 минути.
-
Балканпред 23 часа
Ливаковиќ пред трансфер на кариерата, Чачиќ се жали: Тој е најдобар голман, откупната клаузула е прениска
-
Италијапред 14 часа
Палјука му предлага на Интер да го продаде Онана и да ангажира конкретна замена
-
АТПпред 17 часа
Вимблдон ја повлече забраната за тенисерите од Русија и Белорусија
-
Шпанијапред 23 часа
Чави ја планира новата сезона со Меси, Барселона излезе со официјален став за преговорите
-
Францијапред 22 часа
Евра со две реченици објасни зошто ПСЖ никогаш нема да ја освои титулата во ЛШ
-
Англијапред 15 часа
Паратичи се повлече од функцијата во Тотенхем
-
Германијапред 19 часа
Тухел за начинот на кој добил отказ од Челси: Тоа беше шок!
-
Англијапред 16 часа
Гвардиола за настапот на Халанд против Ливерпул: Животот носи ризици…