Македонија
Давидовски освои нови ТЦР поени, Џиролами испушти победа на Спа

Македонскиот автомобилист Виктор Давидовски викендов ги продолжи настапите во ТЦР Европа првенството, освојувајќи нови поени на патеката Спа во Белгија.
По триумфот на втората трка на „Пол Рикар“, Давидовски тргна од 15. место на денешната прва трка, а низ неа напредуваше до 11. место, кое му носи дополнителни 9 поени во поредокот.
Аудито на Давидовски и петта трка по ред е меѓу ТЦР натпреварувачите со освоени поени, со што во моментов е на деветтата позиција во генералниот пласман.
Неговиот тимски колега Франко Џиролами водеше од почеток до последниот круг на трката, но по една лоша проценка во свијок, Аргентинецот му овозможи на Исидро Калјехас да се најде на првото место, а потоа немаше ниту простор ниту време да си ја поврати позицијата.
Зад Калјехас и Џиролами се најде Џош Фајлс кој го комплетираше победничкиот пиедестал.
Утрешната втора трка се вози од 11:35 часот.
-
Англијапред 23 часа
Мерсон за повлечениот потег на Арсенал: Тој не може да биде стартер ниту во Фулам
-
Светпред 15 часа
Халанд не се однесува како голема ѕвезда и ги воодушеви присутните на плажа во Марбелја (Видео)
-
Англијапред 15 часа
Фоден избркан од луксузна плажа на Крф поради бесна караница со својата девојка (Видео)
-
Италијапред 16 часа
Малдини со рецептот „Тео Ернандес“ привлекува играч на Реал кој е во последната година од договорот (Фото)
-
Светпред 24 часа
Ди Марија се плаши за местото во репрезентацијата: Само еден е сигурен!
-
АТПпред 22 часа
Циципас триумфираше во Мајорка, Надал му испрати порака: Победи го Ѓоковиќ на Вимблдон (ВИДЕО)
-
Германијапред 23 часа
Барселона се впушта во завршна офанзива за Левандовски
-
Италијапред 18 часа
Милито му испрати трансфер совет на Дибала: Желбата за одмазда ќе направи разлика