Давидовски: Останувам оптимист за утрешната втора трка на Монца

viktor 2 monza 2018

Од Монца за „Дерби“,
Александар Табаковски

Првата трка на патеката Монца од актуелниот ТЦР викенд донесе 20. место за Виктор Давидовски, кој пропушти шанса за подобра стартна позиција во квалификациите. Македонскиот возач во изјавата за „Дерби“ со први импресии од она што се случуваше на денешниот натпревар на кој победи Французинот Верне.

– Со оглед на близината на тјунерската работилница на Хонда, „Јас Моторспорт“, ова беше на некој начин нивна домашна трка и една од оние со најголем потенцијал во текот на сезоната за нас. Имавме само 12 круга пред квалификациите, а во нив имав грешка токму кога го возев најбрзото лично време. Тоа ме води до констатација дека ни се потребни уште многу километри за стекнување искуство во овие трки, бидејќи нашите ривали освен што добро ги познаваат овие патеки имаат и многу тестирања во пресрет на сезоната.

– Откако ја пропуштивме шансата за да блеснеме во квалификациите, во трката беше уште потешко бидејќи со старт од позадина не може да се направи многу, а дополнително во 25 минути трка, два пати излегуваше возилото за безбедност. Оптимист сум, се надевам дека ќе добиеме нова шанса во утрешната втора трка, – потенцираше Давидовски.

Facebook Коментари