Поврзете се со нас

Македонија

Давидовски остана без заслужен Топ 10 пласман на Монца

Објавено

на

blank

Виктор Давидовски возеше одлична втора трка на ТЦР Европа викендот во Монца, но проблемот во последниот круг го остави без можност да ја заврши трката на легендарната патека. Официјално Давидовски е на последното 20. место поради исполнетата норма за извозени кругови за остварување пласман.

Македонскиот автомобилист вчера го освои 9. место и денеска рутински стигна до 10. позиција во поредокот, истата без проблеми ја одржуваше до последниот круг, но тогаш дојде до пехот кој не беше прикажан во преносот, но го чинеше Давидовски успешен настап и нови бодови во првенството.

Иако, членот на ПСС Рејсинг тим ги пропушти првите два натпреварувачки викендa, успеа да го докаже својот потенцијал во Монца, каде вчера беше и најдобар меѓу претставниците на тимовите кои не се фабрички, освојувајќи го Јокохама трофејот.

Давидовски кој вози Хонда Сивик, по двете трки во Италија има 13 бодови во генералниот пласман, а следниот натпреварувачки викенд е предвиден во Барселона меѓу 9 и 11 октомври.

На денешната трка од ТЦР Европа победи Пепе Ориола, пред Жилиен Брише и Мато Хомола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни