Поврзете се со нас

Македонија

Давидовски и Џиролами блескаа на Норисринг, на дофат се двете титули!

Објавено

на

Франко Џиролами славеше на денешната трка на Норисринг и стана првиот возач во првенството на ТЦР Европа што стигнал до две победи оваа сезона.

Гран при викендот што се возеше во баварскиот град Нуремберг донесе уште едно импресивно издание на Виктор Давидовски кој се пласираше на четвртото место, исто како и во вчерашната трка.

– Франко имаше одличен старт и јас се позиционирав зад него, но бев удрен од Калјехас, по што и моето возило беше изместено и инволвирано во мешаницата со Филипи и Хомола. Поради сето ова, на крајот од трката бевме повикани од стјуардите и беа побарани снимки од инцидентот, но казни не беа врачени,- напиша Давидовски на својот Инстаграм профил.

Овој судир влијаеше тој да го загуби добриот пласман, но континуирано се подобруваше од круг во круг па од осмото стигна до четвртото место, реванширајќи му се на Калјехас во последниот круг со престигнување.

– Од тимот имавме јасна наредба да избегнуваме секаков ризик и да ја завршиме трката во бодови, но сепак и јас и Франко успеавме да направиме одличен сет ап на возилото и да покажеме дека можеме повеќе. Среќен сум со ова четврто место, но и вчера ми избега подиумот по недоразбирањето во квалификациите, а и сега чувствував дека можам да бидам поблиску до Франко, но инцидентот на почетокот и даде друг тек на трката. Имаме три гран при викенди до крајот, во кои главна цел ќе биде да се обезбеди тимската титула, но очекувам да покажеме повторно вакво одлично издание заедно со Франко.

Џиролами е водечки во поединечниот генерален пласман со 275 бода, а зад него се Џош Фајлс со 203 поени, Исидро Калјехас со 197 и Клим Гаврилов со 195. Давидовски е седми на табелата со 149 бода.

Екипно, тимот „ComToYou Racing“ за кој возат Давидовски и Џиролами е прв со 491 поен, пред „Volcano Motorsport“ со 425 бода.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PssRacingTeam (@pssracingteam)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни