Поврзете се со нас

Македонија

Давидовски го тестираше новиот автомобил за оваа сезона во Мисано! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Објавено

на

За „Дерби“ од Римини,
Александар Табаковски

Виктор Давидовски најави дека оваа година ќе се префрли во новото „TCR“ првенство за Европа, за што „Дерби“ веќе објави дека е набавен нов автомобил Хонда Сивик, „Type R“ кој е подготвен од италијанската тјунерска работилница „ЈАС Хонда“.

Првиот тест што му беше овозможен на Давидовски се случи на патеката во Мисано, крај Римини, именувана според трагично загинатиот возач во Мото ГП, Марко Симончели. На оваа патека во септември се вози трката од светското првенство во мотоциклизам, како Голема награда на Сан Марино.

Првиот тест ден започна со возење на влажна подлога, по што временските услови еволуираа во сончево попладне, но финишот повторно беше на дожд. Аналогно на ова имаше и големи разлики од почетните времиња, кои беа „симнати“ за повеќе од 30 секунди, но на вториот ден се очекува постабилно време и можност да се работи на подолги стинтови.

– Врнежливото време направи да имаме потешко запознавање со возилото. Ова е патека што прв пат ја возам, но веќе воочив повеќе разлики од мојот досегашен стил на возење до она што ова возило бара. Се надевам дека на вториот ден ќе имаме подобри временски услови и дека ќе имаме повеќе извозени кругови, бидејќи мора да се фамилијаризирам со возилото и да почнам да ги учам неговите лимити, а потоа зависно од патека до патека и да ги унапредувам моите резултати,- рече Давидовски за „Дерби“.

Првата трка од ова првенство се вози на патеката „Пол Рикар“ во Франција на 6 мај.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни