Поврзете се со нас

Македонија

Давидовски до крај се бореше за поени, лидерот го елиминираше Џиролами

Објавено

на

Македонскиот автомобилист Виктор Давидовски им се врати на трките во ТЦР Европа шампионатот, а на денешната прва трка во Харама не успеа да влезе меѓу возачите кои освоија поени.

Предводникот на ПСС Рејсинг тим експресно ја подобри стартната позиција, во најголем дел од трката беше на 16. место, но во последниот круг загуби две позиции и ја заврши трката на 18. место.

Вториот возач на ПСС на оваа трка, Аргентинецот Франко Џиролами имаше подобра стартна позиција, но и голем малер, откако лидерот во генералниот пласман Мајк Халдер претерано форсираше во еден свијок и се заби во Хондата на клупскиот колега на Давидовски.

Трката стартуваше со судир по кој веднаш беше активирано безбедносното возило, а тоа се случи уште еднаш по инцидентот на Џиролами и Хајлдер, со што возачите има многу малку кругови за надмудрување на патеката.

Победник на првата трка беше домашниот претставник Микел Аскона.

Втората трка од последниот викенд во ТЦР Европа во Шпанија се вози денеска од 14:20 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни