Македонија
Давидовски четврти, ќе стартува од вториот ред во втората трка

Виктор Давидовски го стартуваше вториот гран при викенд од ТЦР Европа на уличната патека во По, Франција со освојување на петтото место во првата трка.
На ова претходеа нестабилни временски услови кои направија тренинзите да се возат по дождливо време, додека квалификациите потоа беа на сув асфалт. Возилата со кои настапуваат возачите од Comtoyou беа оптоварени со +40 килограми баласт поради двете победи остварени на првата две трки во Португалија, што се рефлектираше на нивните перформанси на тесната улична патека во По.
Давидовски беше седми на стартот, но дојде до петтата позиција, по што иако им се залепи на двајцата возачи пред него, не успеа да најде простор каде што би можел да ги помине. Во трката славеше Душан Борковиќ пред Кобе Паувелс, а победниците од првите две трки (Џон Филипи и Том Коронел) се најдоа зад Давидовски. Ајзак Смит на крајот беше трети пред Ерик Кајрол, но тој заработи пет секунди казна и на тој начин Давидовски беше промовиран на четвртото место.
Втората трка ќе ја донесе ротацијата на првите 10, па на тој начин Том Коронел ќе стартува од пол позицијата, пред Жулен Нугаре, додека во вториот ред ќе бидат Џон Филипи и Виктор Давидовски.
Снимка од првата трка и директен пренос од втората ќе бидат емитувани на Телевизија 24 со почеток во 13 часот (снимка), односно 14.20 часот (втора трка).
-
Германијапред 22 часа
Кан доживеал брутално понижување од Баерн: Ова е најлош ден во мојот живот!
-
Шпанијапред 23 часа
Родриго претрча 70 метри и постигна неверојатен гол во Севилја (Видео)
-
Францијапред 21 час
Голот на Меси доволен за историја и нова шампионска титула на ПСЖ (Видео)
-
Македонијапред 24 часа
Тиквеш приреди шпалир за новиот шампион, во Битола се крена трофејот после 18 години (Фото)
-
Шпанијапред 7 часа
Анчелоти со комплименти за Родриго: Тој е наш најдобар играч по СП
-
Англијапред 22 часа
Капитенот на Лутон колабираше на теренот, па ја прослави промоцијата во Премиер лига од болнички кревет (Фото)
-
Англијапред 9 часа
Фердинанд нема дилеми: Јунајтед има поуспешна сезона од Арсенал
-
Францијапред 10 часа
Мбапе „нокаутираше“ девојка со топка, па со убав гест покажа дека е џентлмен (ВИДЕО)