Поврзете се со нас

АТП

Давиденко за нееднаквоста во светскиот тенис: Мажите работат три пати понапорно од жените!

Објавено

на

Foto:instagram.com/nikodav_tennis

Николај Давиденко своевремено беше тенисер кој знаеше да ги предизвика и да ги победи Рожер Федерер, Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал, но најмногу ќе се памети по добрите настапи во 2006-та година кои направија да се искачи на третото место на АТП листата.

Поранешниот руски тенисер многу ретко се огласува на тениски теми и низ годините беше препознатлив по својот повлечен дух, но сега се најде во центарот на вниманието со една контроверзна изјава која предизвика многу реакции во јавноста.

ВТА турот низ годините се избори женските натпреварувачки да добиваат најчесто идентични награди со своите колеги од АТП турот, но според Давиденко, едноставно не може да дојде до споредба меѓу квалитетот и работата која се прикажува во машка и женска конкуренција.

– Машките тенисери работата три пати повеќе од женските тенисерки на грен слем турнирите и неправедно е да се плаќаат исто!

– На помалите турнири може да има идентични премии, но на грен слем турнирите воопшто не е исто. Мажите играат во три добиени сета и има мечеви со по пет сета. Во женскиот тенис не е така. Во ерата во која доминираше Серена Вилијамс, таа ги добиваше мечевите со 6:0, 6:1 или 6:2 без да се испоти.

– Мажите губат по десет гејма само во првото коло, а понекогаш играте и меч во пет сета кој може да го загубите уште на стартот, – потенцира Русинот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни