АТП
Давиденко: Ѓоковиќ се обидува да ја измами природата
Новак Ѓоковиќ имаше сезона далеку под неговите стандарди, година во која не освои ниту една значајна титула, ама го оствари сонот и дојде до злато на Олимписките Игри што се одржаа во Париз.
Србинот на овој начин го затвори кругот, ја комплетираше колекцијата на титули, успеси во тенисот, меѓутоа и понатаму не размислува за повлекување, оставање на рекетот и покрај тоа што повеќе ги нема ниту големите ривали како Рожер Федерер, Рафаел Надал, Енди Мари…
Сите се во пензија, а овој последниов го договори и да му биде тренер што доволно говори за тоа какви амбиции има во 2025 година, меѓутоа поранешниот руски тенисер Николај Давиденко не е убеден дека Ноле одново може да дојде на врвот.
-Надал имаше речиси 40 години, но физички не можеше да се натпреварува ниту со Топ 50 играчи. Сè беше бескорисно. На 40 години, Федерер се обиде да докаже дека може тоа да го направи. Ништо не докажа. Ѓоковиќ денес го прави истото, обидувајќи се да покаже дека годините за него се само бројка. Новак се обидува да ја измами природата, но тоа ќе може да го направи само неколку години. Ние не сме роботи.
-Напорот е огромен, се случуваат повреди. Погледнете кој било тенисер денес – сите тие имале, имаат или ќе имаат здравствени проблеми. Сите ја завршуваат кариерата поради повреди кои ги спречуваат да тренираат. -порача Русинот кој своевремено беше трет на АТП листата, а против Новак имаше учинок 2-6.
-
Шпанија23 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Италија22 часа
Проблемите се надминати, Елмас добива нов соиграч од Милан
-
Шпанија24 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Англија14 часа
Аморим за Рашфорд: Дали го одигра неговото за Јунајтед? Мора да го претставува клубот…
-
АТП5 часа
Гласна птица го деконцентрираше Ѓоковиќ, сцената стана вирален хит (Видео)
-
Англија15 часа
Фернандеш го мина Бекам со атрактивниот гол против Арсенал (ВИДЕО)
-
Италија13 часа
Италијански великан фаворит за потписот на Вокер
-
АТП13 часа
Елиминиран поранешниот финалист на АО, Синер преку тај-брејкови до прва победа (ВИДЕО)