Поврзете се со нас

Свет

Давид Луиз го потврди заминувањето од Арсенал и го најави неговиот следен клуб: Веќе разговарав со претседателот…

Објавено

на

Фудбалерот на Арсенал, Давид Луиз потврди дека ќе си оди од редовите на лондонскиот клуб кога оваа сезона ќе заврши.

Бразилецот потпишал едногодишен договор со Арсенал минатото лето и нема намера да ја искористи опцијата за продолжување на истиот, па веројатно ќе се врати во таборот на Бенфика.

Не е познато ни дали Бразилецот ќе ја доодработи сезоната со Арсенал или ќе го напушти клубот на 30 јуни кога неговиот договор дефинитивно ќе истече.

33 годишниот фудбалер призна дека сака да ја заврши кариерата во Бенфика и откри дека веќе имал разговори со претседателот на клубот, Луис Фелипе Виера.

– Веќе зборував со Виера за моето враќање. Мојот сон е да ја завршам кариерата во Бенфика. Кога, не знам точно, но тоа ќе се случи ако претседателот дозволи и ако фановите ме сакаат назад. Тоа ќе биде еден од моите најубави моменти во кариерата, -изјави Давид Луиз за португалскиот медиум „Рекордер“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни