Давид Бабунски заминува од Јапонија и се враќа во Европа

babunski

Македонскиот интернационалец Давид Бабунски ќе стави крај на неколкугодишниот престој во Јапонија и оваа зима ќе се врати во Европа.

Офанзивниот играч за врска е слободен агент откако неговиот договор со Омија Ардија дојде до крајот и истиот не беше продолжен.

Сега Бабунски ќе се врати на стариот континент и веројатно ќе го облече дресот на полскиот прволигаш Пиаст Гливице. Овој клуб минатата сезона беше шампион на Полска, а оваа година е на шестата позиција на табелата.

Клубот е во потрага по офанзивен играч за врска, а прв избор на тренерот е Патрик Липски за кого Пиаст нема доволно средства, па затоа ќе се насочи кон ангажман на македонскиот интернационалец.

Доколку реализира трансфер во полскиот шампионат, Бабунски ќе биде втор  македонски фудбалер по Дени Илиев кој прави трансфер во Полска. Голманот од оваа зима е член на Јагјелонија каде ќе настапува во следните шест месеци како позајмен фубдалер од Арсенал.

Facebook Коментари