Поврзете се со нас

Евролига

Датоме го следеше чекорот на Обрадовиќ: Си замина од Фенербахче и веднаш си пронајде атрактивен клуб

Објавено

на

blank

Жељко Обрадовиќ мина седум незаборавни сезони како тренер на Фенербахче, а седум дена по објавата за негово заминување од турскиот великан, клубот објави разделба и со еден од најдобрите играчи.

Луџи Датоме беше симбол на теренот за Фенербахче во изминатите пет сезони, но по намалувањето на буџетот од страна на клубот, стана јасно дека Италијанецот кој е добар пријател на нашиот Перо Антиќ нема да остане во Истанбул.

Фенербахче синоќа му се заблагодари на Датоме за сиот придонес кој го имаше во изминатиот период, а ова попладне беше потврдено дека искусниот Италијанец се враќа во родната земја и ќе настапува за „манекените“ од Милано.

– Навистина сум среќен што отворам ново поглавје во мојата кариера, а уште посреќен што ќе играм за тим со историја каква што има Олимпија Милано, – изјави 32-годишниот Датоме.

Луиџи стави потпис на тригодишен договор со Милано и станува јасно дека планира да се задржи подолго во својата земја, а уште повозбудливо за него ќе биде тоа што клубот има навистина сериозен проект и сака да се вмеша во кремот на европската кошарка.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни