Поврзете се со нас

Македонија

Даскаловски е нов член на Голден Арт КЛ7

Објавено

на

Поранешниот македонски репрезентативец, Златко Даскалоски е нов член на тимот на Голден Арт КЛ7.

Даскаловски во Голден Арт каде ќе му биде помошник на тренерот Никола Матлиески, односно неговата примарна задача ќе биде да работи со голманите на сите селекции, почнувајќи од првиот тим и најмладите, а секако ќе биде секогаш на голот кога е потребно.

-Чест и задоволство ми е што ќе бидам дел од еден проект како Голден Арт КЛ7, насочен кон развој и создавање на млади играчи и млад стручен кадар. Ова ќе биде еден нов, малку поинаков предизвик за мене како играч со големо интернационално искуство и се надевам дека со се што сум научил, целото ракометно и животно искуство ќе придонесам за развој на младите голмани и играчи во клубот.

-Воедно ќе бидам голема поддршка на шефот на стручниот штаб Матлиески , човек и тренер од кој можам многу да научам за мојот следен предизвик во струката во која се гледам следните години. Благодарам на клубот за понудата и концептот, за кој сметам дека, во моментов е идеален за периодот на играчка кариера во која се наоѓам, -истакна Даскалоски.
Свој коментар околу последните активности на клубот даде и спортскиот директор Милчо Чакарески.
-Голден Арт КЛ7 со последните неколку потези покажа дека останува на линија на ангажирање македонски ракометари, во случајот искусни играчи, кои, треба да бидат поддршка за младите Ѓорговски, Симоноски, Димовски, Илиески, Стојковиќ и останатите, и да се стават во функција на развој на истите. Покрај нивните ангажмани како искусни играчи, многу поважно за нас како колектив е нивната тренерска едукација во насока на создавање на “струка” која е крајно дефицитарна, струка која ќе биде сигурна, желна за докажување и напредок, -рече Чакарески.
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни