Англија
Дарвин со несфатливо промашување го шокираше Слот, Ливерпул освои само бод (Видео)

Ливерпул забави со победничкиот ритам и забележа второ реми во низа на гостувањата во Премиер лигата, што сега дава нова шанса за Арсенал дополнително да ја намали разликата на табелата во битката за титулата.
„Црвените“ освоија бод на „Вила Парк“ и можат да бидат задоволни од тоа со оглед на завршниот налет на гостите, но истовремено можат и да жалат поради нестварното промашување кое го имаше Дарвин Нуњез.
Ливерпул поведе на гостувањето во Бирмингем по големата грешка која кулминираше со гол на Салах, но Астон Вила не се откажа и успеа да направи пресврт со головите на Тилеманс и Воткинс.
Астон Вила се избори за предност до крајот на првиот дел, а потоа во вториот се реши да го брани водството, се до моментот кога прими гол.
Ливерпул израмни на 2:2 со среќниот гол на Трент Александер Арнолд, за потоа во 69-та да видиме и едно несфатливо промашување на Дарвин.
Ова беше најголемата шанса за Ливерпул да стигне до победнички гол, а такво нешто не искористи и Мален на спротивната страна во самата завршница.
Утката на Дарвин погледнете ја ТУКА
-
Формула 116 часа
Хаос во Австралија, Норис ги издржа предизвиците
-
Шпанија13 часа
Мбапе со подобар ефект од Роналдо во првата сезона, пред себе има уште само три легенди на Реал
-
Шпанија15 часа
Арда се обиде да постигне гол од тешка позиција, Мбапе не го криеше бесот од потегот на соиграчот (Видео)
-
Македонија11 часа
Шкупи објави дека Лазаров не е во животна опасност, но заработил повреди во пожарот во Кочани
-
Македонија9 часа
Шкупи со траорно соопштение: Лазаров починал во обид да им помогне на повредените во пожарот (Фото)
-
Европски првенства11 часа
ЕХФ не дозволи одложување на натпреварот против Словенија во Копер (Фото)
-
Формула 110 часа
Стјуардите ја повлекоа казната и го разубавеа дебито од соништата за Антонели (Фото)
-
НБА15 часа
Јокиќ постигна 40 поени, Пул го шокираше Денвер со тројка од десет метри (Видео)