Поврзете се со нас

Англија

Дарвин со мајсторија донесе победа за Ливерпул, Челси сигурен против Блекбурн (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/LFC

Ливерпул и Челси изборија пласман во следната рунда на англискиот Лига куп, откако вечерва извојуваа победи против Борнмут, односно Блекбурн.

Тимовите на Клоп и Покетино беа фаворити и ја оправдаа таа улога, а Ливерпул имаше малку повеќе проблеми против премиерлигашкиот ривал, кој во еден момент се врати во натпреварот израмнувајќи преку Клајверт.

Претходно, Гакпо погоди во 31. минута по една мешаница во шеснаесетникот, а човек на одлука беше Дарвин Нуњез. Уругваецот постигна атрактивен гол во 70. минута и ги постави конечните 1:2.

Челси поведе со голот на Бадијашил, додека Стерлинг во вториот дел ги постави конечните 2:0, со што тимот на Покетино остана во игра за трофејот кој е дел од амбициите на „сините“ сезонава.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни