Поврзете се со нас

Англија

Дарвин се погрижи за историска победа на „Сити Граунд“ во 99. минута, акробацијата на Виса е кандидат за гол на сезоната (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Ливерпул првпат во историјата оставри победа во премиерлигашки натпревар на „Сити Граунд“, а најзаслужен за тоа е Дарвин Нуњез кој предизвика ерупција од радост кај гостинските фанови во 99-та минута.

Кога се чинеше дека Нотингем Форест се одбрани од последниот корнер, двајцата домашни играчи непотребно комплицираа и му ја препуштија топката на МакАлистер, а овој успеа да го пронајде Дарвин кој маестрално изреагира во шеснаесетникот за гол за победа.

Ливерпул го матираше и Челси во самата завршница од дополнителните 30 минути игра во финалето на „Вембли“, а тимот на Клоп денеска уште еднаш потврди дека игра до последна секунда. Историјата покажала дека вакви голови на гостувања кај мали тимови често знаат да бидат вредни титула, а дали ќе биде така и оваа сезона ќе дознаеме на самиот крај.

На останатите средби во Премиер лигата, Тотенхем со пресврт се справи против Кристал Палас и оствари триумф од 3:2, додека Челси се спасуваше од пораз и ремизираше кај Брентфорд.

Од овој меч, посебен за издвојување е голот на Виса за 2:1, бидејќи фудбалерот на Брентфорд режираше акробакција која сигурно ќе биде кандидат за гол на сезоната во Премиер лигата.

Херојскиот  гол на Дарвин погледнете го ТУКА

Акробацијата на Виса погледнете ја ТУКА 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни