Поврзете се со нас

Свет

Дарвин под „лупа“ од фановите: Потегот на Нуњез од тренингот со Уругвај служи за потсмев на интернет (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Uruguay

Дарвин Нуњез беше избран за најдобар играч во португалската лига минатата сезона, но засега, има доста комплициран старт во Премиер лигата, за што се погрижи и тој самиот со непотребниот црвен картон кој го заработи.

Уругваецот засега има само еден гол во Англија, а играчот со кој се споредуваше пред стартот на сезоната, веќе има 11 во дресот на Манчестер Сити.

Ерлинг Халанд дефинитивно има многу подобар почеток на новата фудбалска авантура во кариерата, но притисокот врз Дарвин очигледно се пренесува и во селекцијата на Уругвај, од каде пристигна едно видео кое стана вирален хит.

Напаѓачот одново е мета на жесток сеир поради еден негов потег од тренингот, бидејќи не испрати ниту шут, ниту центаршут, а топката заврши речиси кај корнер знаменцето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни