Англија
Дармијан: Погба има само еден вистински проблем во Јунајтед
Матео Дармијам мина четири години во Манчестер Јунајтед пред изминатово лето да се врати во родната Италија, а како играч кој до неодамна го носеше дресот на „црвените ѓаволи“ предизвика доста внимание со својата изјава која ја даде за актуелните теми поврзани за клубот од „Олд Трафорд“.
Дармијан во овој момент е член на Парма и чека разврска на глобалната криза со коронавирусот, но слободното време го искористи да даде неколку интересни изјави за Манчестер Јунајтед, вклучувајќи го и Пол Погба како главен протагонист кој често добива жестоки критики.
– Пол е мој пријател и имам фантастичен однос со него. Зборуваме за вистински шампион, одличен фудбалер, но и таквите играчи имаат периоди кога не им оди. Погба има еден вистински проблем во Јунајтед, а тоа е сумата која беше платена за него и перцепцијата која ја добија луѓето за неговиот трансфер. Има нереални критики кон Погба, на пример тоа дека не работи напорно за да се одржува во форма. Можам да ви кажам дека се „растура“ на секој тренинг, а во Британија постојано се зборува негативно за него. Погба и покрај тоа е среќен во Манчестер, навистина многу се грижи за клубот и сака да успее во Јунајтед, – открива Дармијан за „Гардијан“.
-
Шпанијапред 19 часа
Анчелоти за партијата на ветеранот: Имаше лош меч, но немој да го вперувате прстот кон него!
-
Англијапред 19 часа
Мадисон му испрати „отровна стрела“ на Сака по крајот на тензичното дерби (Видео)
-
Италијапред 15 часа
Капитенот на Наполи избра страна по конфликтот меѓу Осимен и Гарсија
-
Шпанијапред 20 часа
Мората потсети на една незаборавна изјава на Чоло откако му даде два гола на Реал: Дечињата од Мадрид…..
-
Италијапред 18 часа
Мурињо: После ова што го видов, веќе никогаш нема да кажам лош збор за „Олимпико“
-
Италијапред 20 часа
Наполи продолжи да губи бодови, Де Лаурентис се јави со интересна реакција
-
Англијапред 20 часа
Покетино по новата катастрофа на Челси: Ни недостасува само едно нешто
-
Англијапред 21 час
Менаџерот на Лидс покажа како се „лепи“ топка, навивачите збеснаа на трибините (ВИДЕО)