Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Дармијан: Оваа партија ќе ни донесе голема самодоверба, многу сме среќни

Објавено

на

Интер успеа да го издрже притисокот на Порто и да обезбеди место во четрвтфиналето во Лигата на шампионите, фаза во која „нероаѕурите“ ги немаше од 2011 година.

Калчолигашот ја имаше и среќата на своја страна во самата завршница во која Дамфрис имаше клучна интервенција, двапати се тресеше рамката од голот на Онана, ама се тоа ќе се заборави затоа што екипата дојде до резултат со кој го продолжува настапот во елитното натпреварување.

-Беше тешка ноќ, но сега се чувствуваме многу среќни. Знаевме дека се соочуваме со тежок противник, ама дадовме се од себе и донесовме одличен резултат за целата група. Моравме да бидеме концентрирани на секоја топка.

-Овој пласман ни враќа за нашите напори да стигнеме тука. Неодамна испуштивме поени против малите тимови, но оваа вечер мора да ни биде големо засилување за самодоверба во иднината, -порача Матео Дармијан кој немаше желба во однос на тоа кој да им се падне на петочната ждрепка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни