Поврзете се со нас

Шпанија

Дарко Велковски реализира одличен трансфер во Ла Лига?

Објавено

на

Шпанските медиуми пренесуваат дека тим од најсилната шпанска лига е заинтересиран за услугите на македонскиот репрезентативен стопер, Дарко Велковски.

26 годишниот играч кој има важечки договор со Ријека би можел да реализира одличен трансфер во тимот на Алавеш кој бил задоволен од тоа што го видел од играчот на Европското првенство и веднаш го сместил во својот нотес на потенцијални засилувања за следната сезона.

Алавеш се соочува со дефицит на стоперските позиции откако Родриго Ели ќе замине во Португалија, а Лежен ќе се врати во Њукасл затоа што клубот од Примера не може да го плати неговиот откуп на договорот.

Така, според новинарот Виктор Поло, Алавеш пројавил интерес за Дарко Велковски кој беше редовен во репрезентацијата на Македонија на Европското првенство каде прикажа солидни партии, посебно на првиот натпревар против селекцијата на Австрија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни