Дарко Чурлинов следната сезона ќе игра во Бундеслигата

churlinov

Најмладиот дебитант во историјата на македонскиот репрезентативен фудбал, Дарко Чурлинов следната сезона веројатно ќе ја продолжи во Бундеслигата.

Првиот тим на Келн се пласираше во најелитното германско натпреварување, а како што стојат работите, Чурлинов ќе биде прекомандуван во сениорите по феноменалната сезона во младинските категории на Келн.

Дарко Чурлинов беше со првиот состав на Келн и на зимските подготовки, каде остави одличен впечаток и беше посочен како големо изненадување, но потоа не доби шанса во првиот тим за преостанатите натпревари од популарната Цвајте лига.

Сега, како што пренесуваат медиумите во Германија, Чурлинов заедно со Ноа Катербах ќе добијат шанса на претсезонските подготовки и веројатно ќе бидат вклучени во првиот тим на Келн за следната сезона.

Facebook Коментари