Дарио Ивановски постави нов македонски рекорд на 3.000 метри

Dario-Ivanovski

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски, победи на трката на 3.000 метри на митингот во Нови Сад со нов државен рекорд.

Ивановски го освоил првото место во Нови Сад со време 8:17:92 минути, со што успеа да го собори државниот рекорд стар 25 години и најдобро време во оваа дисциплина кое беше во сопственост на Јонуз Јонузи уште од 1992 година.

Ова е уште еден одличен резултат за македонскиот атлетичар кој има 20 години и како член на АК Работнички, веќе е сопственик на три државни рекорди.

Facebook Коментари