Поврзете се со нас

Репрезентација

Даре е меѓу најдобро оценетите играчи во Европа: Велковски рамо до рамо со Барела и Де Брујне (ФОТО)

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Дарко Велковски е меѓу играчите со најдобри оценки, собрани поени во натпреварите кои се под капа на Европската фудбалска федерација (УЕФА).

УЕФА со специјално алгоритам ги следи настапите на сите играчи (голмани, дефанзивци, среден ред и напаѓачи) во европските квалификации и Лигата на нации, па истите тие податоци покажаа дека Велкоски е најдобар Македонец со 78 поени по што следуваат Елиф Елмас со 45 и Џани Алиоски со 40 бодови.

Кога е во прашање генералниот пласман, рангирањето стоперот на Ријека е на 19 позиција рамо до рамо со Николо Барела од Италија и белгиската супер ѕвезда Кевин Де Брујне.

 

Првата петка е резервирани за фудбалери од Франција и Шпанија, селекции кои играа во финалето на Лигата на нации со што се добива повисоки оценки, бодови. Прв е Килијан Мбапе со 231, па следи Карим Бензема со 162, Микел Ојарзабал има 129, Сехио Бускетс 129 и Феран Торес 109 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни