Поврзете се со нас

Македонија

Дарбо го казни Вардар за промашувањата, победи број десет за Шкендија и Македонија Ѓорче Петров

Објавено

на

Шкупи и Вардар одиграа без победник 1-1 во скопската градска пресметка во рамките на 16. коло во првата македонска фудбалска лига.

Дуелот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ донесе отворена игра и возбудувања на двете страни, но само по еднаш се тресеа мрежите на Иљази и Илиќ. „Црвено-црните“ го отворија резултатот во 77 минута со погодокот од пенал на капитенот Мицевски.

Потоа вардарци промашија две колосални шанси за потврда на победата, па за тоа стигна казна преку Дарбо кој ги постави конечните 1-1 на оваа средба.

Лидерот Шкендија со головите на Бејтулаи и Ибраими дојде триумф над Беласица од 2-0. Ова за тетовци беше десетто сезонско славје, учинок до кој дојде и Македонија Ѓорче Петров која беше подобра од Пелистер со 2-1.

Човек на одлука беше Калид Абдул Басит кој беше двоен стрелец со тоа што оној вториот победничкиот го даде во 85 минута. На спротивната страна погоди Илиевски.

Останати резултати:

Академија Пандев-Борец 2-1

Работнички-Ренова 3-1

Силекс-Струга ТЉ 0-0

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни