Поврзете се со нас

Свет

Данскиот судиски пар Гјединг-Хансен се раздвојува по 24 години соработка

Објавено

на

Мартин Гјединг и Мадс Хансен зад себе имаат 24-годишна соработка како ракометна судиска двојка, но познатите Данци во иднина тргнуваат во различни насоки.

Хансен им потврдил на медиумите дека тој и Гјединг решиле да стават крај на заедничката кариера со која се најдоа меѓу најреномираните европски судии, но исто така предизвикаа и контроверзи со начинот на кој ја делеа правдата на одредени натпревари.

– Мартин и јас сакаме да бидеме дел од светската судиска елита, а таму тешко ќе се најдеме ако не се развиваме.

– Затоа морав да се повлечам од соработката со Мартин, ова беше тешка одлука за мене, но сакам да пробам нешто ново, иако засега не можам да предвидам како ќе се одвива мојата кариера, – изјавил Хансен.

Гјединг и Хансен судеа неколку финалиња, а последен пат предизвикаа негативни реакции со одлуките на дуелот меѓу Германија и Хрватска на СП 2019, кога ги оштетија избраниците на Лино Червар, нешто што подоцна и самите го признаа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни