Поврзете се со нас

Светски првенства

Данскиот селектор: Хансен е навистина лошо, среќни сме што повторно почна да зборува

Објавено

на

Данска и Хрватска вечерва го играат големото ракометно дерби на мундијалот во Египет, кој се повеќе го добива епитетот на едно од најбизарните Светски првенства во историјата, не само поради лошите услови за игра во салата и разочарувачката логистика, туку и поради фактот што огромен број играчи добија труење со храна.

Последни на списокот се најдоа данските репрезентативци кои биле сериозно нападнати од стомачна вироза, за што сведочи и селекторот Јакобсен кој на неколку часа пред дуелот со „каубоите“, воопшто не знае на кои ракометари ќе може да смета.

Како што вели тој, најлоша е ситуацијата со најдобриот играч Микел Хансен, кој поради проблемите од вирусот, едвај отворал уста и контактирал со останатите од селекцијата.

– За жал, кога вакво нешто ќе вметне меѓу играчите, многу брзо се шири. Ужасно е иритантно и многу ни смета во целата подготовка. Се обидуваме да се чуваме и да не се дружиме меѓусебно, но веќе немаме доволно соби за да ги изолираме сите играчи посебно. Имаме само еден приоритет во овој момент, а тоа е да имаме што повеќе заздравени играчи до четвртфиналето. Воопшто не знам кој ќе игра вечер против Хрватска.

– Вчера ситуацијата беше до толку лоша, што Халд и Гидсел не сакаа да излезат од хотелот за да бидат поблиску до тоалетот. Микел и Јохан Хансен се доста лошо. Со Микел до толку беше лошо, што сега сме среќни што повторно зборува со нас. Не може да поднесе храна, се надеваме дека ќе биде подобар за четвртфиналето, – изјави селекторот Јакобсен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни