Поврзете се со нас

Светски првенства

Данскиот голман Нилсен откри како се мотивира: Вежбам математика додека сме во напад

Објавено

на

Фото: https://x.com/DanskHaandbold

Емил Нилсен ја потврдува својата голманска класа и на актуелното Светско првенство, а статистиката вели дека во моментов е и голман со најголем процент на одбранети удари.

Данскиот репрезентативец е само еден од факторите што кодомаќините блескаат на актуелниот мундијал, а во документарецот за неговата кариера открива и како се самомотивира за време на натпреварите.

– Секогаш знам што значи да одиграш добар натпревар, па постојано правам математика за своите одбрани.

– Додека моите соиграчи се во напад, постојано пресметувам колку одбрани имам и колку се потребни за да бидам барем на 40 проценти одбранети удари.

– Тоа е магичната бројка која ми е постојано во главата, па трошам многу време за математика за време на натпреварот, – рекол Нилсен.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни