Светски првенства
Дански коментатор: Ако ова се повтори, ИХФ треба да ги затвори вратите за македонските фанови

Вчерашниот натпревар од програмата на Светското ракометно првенство меѓу Македонија и Холандија донесе и моменти кои предизвикаа сериозни критики за однесувањето на македонските фанови во Вараждин.
Холандските репрезентативци експресно го напуштија теренот по крајот на дуелот, а преку медиумите се пожалија дека морале да реагираат така поради предметите кои биле фрлани од противничките фанови и нивното целокупно однесување.
И додека данските медиуми не споменуваат ништо за небалансираниот критериум на нивната судиска двојка, која веројатно и најмногу ги испровоцира членовите на „фалангата“, коментаторите на телевизијата „ТВ2“ не штедеа критики за македонските фанови.
Стручниот коментатор и поранешен ракометар, Даниел Свенсон побарал брза реакција од ИХФ и „предупредување пред исклучување“ до нашата федерација.
– Ракометната федерација на Македонија треба да добие сериозно предупредување.
– Ако ова се случи уште еднаш, тогаш на македонските фанови треба да им се забрани да присуствуваат на натпреварите.
– ИХФ треба јасно и гласно да порача дека ако повторно бидат фрлани предмети на теренот, тогаш нема да има простор за фановите во сала, – рекол Свенсон.
-
НБА16 часа
Најавите се остварија: Богдановиќ ја замени Атланта со Лос Анџелес
-
Италија15 часа
Шампионот настрада на „Артемио Франки“: Фиорентина го потопи Интер во продолжениот меч во Серија А (ВИДЕО)
-
Англија14 часа
Ливерпул го уништи Тотенхем и ќе се бори за трофејот во Лига Купот (ВИДЕО)
-
Англија23 часа
Јоро откри каква Ватсап подготовка добиваат дефанзивците од Аморим пред секој натпревар на Јунајтед
-
Шпанија6 часа
Ханси Флик за една своја ѕвезда: Тој не се споредува со ниту еден друг играч во светот
-
Шпанија23 часа
Капитен на шпански прволигаш оди на принудна пауза поради тешка болест: Ми се врати ракот (Видео)
-
Франција21 час
Луис Енрике: Ви реков дека ќе бидеме подобри во одбрана и во напад без Мбапе!
-
НБА17 часа
Лејкерс донесе и центар за борбата под обрачите (ВИДЕО)