Поврзете се со нас

Свет

Дански фудбалер призна: Намерно го фаулирав Јамал

Објавено

на

Foto:x.com/SEFutbol

Ламин Јамал беше жртва на груба игра од страна на Данците и поради повреда не го доира мечот, а всушност отпадна и од списокот на Луис Де Ла Фуенте за натпреварот против Србија.

Поради мускулна повреда, младиот фудбалер на Барселона ќе мора да одмори и да се види дали ќе биде подготвен за следниот меч на каталонскиот гигант, а во меѓувреме, големо внимание во шпанската јавност предизвика изјавата на еден дански фудбалер.

Виткор Кристиансен беше фудбалерот кој беше најгруб и највалкан во пресметките со брзоногото крило, а во изјава за домашните медиуми признал дека понекогаш и намерно го фаулирал Јамал.

– Не сакав намерно да добијам картон, но некои од стартовите ги направив со намера. Немав лоши мисли, но сакав да му кажам: И јас сум тука, и јас сум дел од натпреварот.

– Сакав да му кажам дека не се плашам од него, тоа беше мојата цел. Многумина се повлекуваат кога пред себе имаат таков фудбалер, но сметам дека понекогаш е добро да се изборите за шанса за фер дуел, – гласи изјавата на Кристиансен.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни