Поврзете се со нас

Свет

Данската лига доби спор со најавената европска „Супер лига“

Објавено

на

Европската Супер лига и натаму е проект во подготовка и бара поддршка од европските клубови, но данските медиуми велат дека во иднина нема да може да го користи името кое го доби уште при првата промоција пред неколку години.

Причината е тоа што Данската Суперлига започнала процес за заштита на името како заштитен знак пред соодветните структури во Европската Унија и добила потврда дека е сопственик на името кое не може да биде користено од други натпреварувања во рамките на ЕУ.

Европската унија за интелектуална сопственост пресудила во корист на Данците, па сега Европската Супер лига ќе мора да го промени името кое би го заштитила како своја сопственост или ќе треба да се обиде да ја обжали одлуката и да чека нова одлука.

– Среќни сме што телото на ЕУ одлучи дека регистрирањето на Европската Супер лига како трејдмарк ќе ја уништи вредноста на она што данските клубови го имаат инвестирано во својата Суперлига, – изјавил Клаус Томпсен, инаку Извршен директор на натпреварувањето.

Данската Суперлига е составена до 12 клубови, а сезонава моментален лидер е Митјиланд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни