Светски првенства
Данска телевизија сакаше да провоцира, Лазаревски ги „поздрави“: Ги сакам моите навивачи Македонци…

Данците се познати по тоа што немаат некој симпатии кон Балканот, па често знаат да критикуваат, провоцираат, поточно чекаат само нешто да се случи за да направат голема приказна како што тоа беше на вчерашниот меч меѓу Македонија и Холандија каде токму арбитрите од оваа земја Мадс Хансен и Јеспер Мадсен имаа свое „шоу“ со дури 12 седмерци досудени за „лалињата“, а на нас ни доделија и два црвени картони.
Случувањата во Вараждин донесоа и голема нервоза на трибините, навивачите го искажаа својот револт, а дел од данските коментатори отидоа дотаму да порачаат дека ИХФ треба да ги затвори вратите за македонките фанови ако ова уште еднаш се повтори.
Дански коментатор: Ако ова се повтори, ИХФ треба да ги затвори вратите за македонските фанови
Ова беше од телевизијата ТВ2, истиот медиум кој се обиде да го испровоцира Милан Лазаревски.
-Можеби е поразлично кај вас во Скандијавија, но тука не е така необично како што вие мислите. Можеби не е најдоброто нешто да се направи, ама не е баш необично како што луѓето мислат, -истакна популарниот Мечка кој потоа беше запрашан „дали би имал вакви навивачи цело време, отколку да немаш навивачи, а неговиот договор беше следен:
-Да, секако! Секој ден. Сакам да бидат со нас на секој меч и секогаш. Ги сакам моите навивачи Македонци и секогаш ги поддржувам. Ако треба да зборуваме со нив за нешто, тоа го правиме зад затворени врати. Никогаш нема да ги критикувам во јавност, -порача членот на Вардар.
-
НБА24 часа
Ерата Дончиќ започна со охрабрувачка победа, несопирливиот Јокиќ броеше до 40 (Видео)
-
Свет21 час
Модриќ ја издвои омилената „десетка“ од младите ѕвезди: Тој има светла иднина
-
Шпанија20 часа
Марсело играше со безброј ѕвезди во Реал, но останал посебно изненаден од еден соиграч: Не му се одземаше топката
-
Балкан23 часа
Јеличиќ: Ристовски последниот добар меч го одигра уште кога не постоеше Северна Македонија
-
Лига на шампиони12 часа
Гвардиола и Анчелоти одбраа: Валверде почнува како десен бек за Реал, Пеп изненади со изборот за играч за врска (ФОТО)
-
Италија18 часа
Колина побара промена на едно важно пенал правило и привлече големо внимание во јавноста
-
Франција19 часа
ПСЖ го издвои генијалниот потег на Кварацхелија: Елеганција во движење (Видео)
-
НБА19 часа
Нова убиствена комбинација: Дончиќ додава, ЛеБрон реализира (Видео)