Европски првенства
Данска рутински си ја заврши работата: Швајцарија со пораз ќе ја пречека Македонија
По вчерашанта победа на македонската репрезентација против Финска, денеска се одигра и вториот меч од нашата квалификациска група, во кој епилогот беше очекуван со оглед на тоа што Данска е апсолутен фаворит за освојување на првото место.
Данска на домашен терен лесно и рутински ја совлада Швајцарија со 31:26, натпревар во кој фаворизираните домаќини го контролираа темпото од почетокот до крајот на мечот.
На полувреме веќе имаа комотна предност од 14:8, а по одличната серија на стартот на вториот дел и водството од 21:13 стана јасно дека Швајцарија нема што да бара на овој натпервар.
До крајот, гостите се изборија само за почесен пораз во својот прв квалификациски меч, кој за нив беше загревање за она што следи во сабота.
Македонија во сабота ќе и гостува на Швајцарија во второто коло во групата, а победа на овој натпревар дефинитивно ќе биде голем исчекор кон пласман на уште едно континентално натпреварување.
-
Репрезентација14 часа
Лазаров: Ова не личеше на меч од СП, не сакам да се правдам, но кога…
-
Светски првенства12 часа
Рекс: Ова никогаш не сум го доживеал, македонските фанови…
-
Светски првенства14 часа
Кварацхелија позираше со дресот на ПСЖ: Сон е да се биде овде…(ФОТО)
-
Светски првенства56 минути
Дански коментатор: Ако ова се повтори, ИХФ треба да ги затвори вратите за македонските фанови
-
Репрезентација17 часа
Ристовски и Ангеловски ја бодрат македонската репрезентација во Вараждин
-
Светски првенства15 часа
Митревски: Скандинавците се лесни на свирче, тежок судиски критериум за нас
-
Репрезентација15 часа
Лазаревски: Најлесно е да се впери прст, прво треба да гледаме во својот двор
-
Англија17 часа
Гвардиола за новиот договор на Халанд: Тоа е поради…