Данска покажа сила против незгодната Унгарија (Видео)

danska-ungarija

Репрезентацијата на Данска е еден од фаворитите за висок пласман на ракометното ЕП во Хрватска, а оваа селекција тоа го потврди уште на првиот натпревар против Унгарија кој го доби со сигурни 32:25.

На полувреме Данците водеа со 14:12, но во вториот дел го засилија темпото и заслужено стигнаа до бодовите во Вараждин.

Лауге Шмит со 7 и Хансен со 6 голови беа најефикасни кај победникот, додека Лекаи ги предводеше Унгарците со 5 погодоци.

Facebook Коментари