Поврзете се со нас

Европски првенства

Данска лесно ја преслуша Црна Гора, Хрватот Мандиќ заработи син картон против Франција

Објавено

на

Foto:facebook.com/hrs.chf

Данската репрезентација лесно ја преслуша ослабената Црна Гора и забележа очекувана победа на стартот на Европското првенство, во кое моќната селекција предводена од Микел Хансен се најде во нашата група во која уште е и Словенија.

Данците немаа никaкви проблеми против Црногорците кои се соочија со безброј корона-проблеми во изминатиот период, па резултатската неизвесност беше актуелна само во првите 10 минути кога беше 4:4. После тоа, Данска презема се во свои раце и поведе со 18:10 на полувреме, по што стана јасно дека второто полувреме ќе биде само рутина.

Фаворитот лесно ја одржуваше предноста и ги доби и вторите 30 минути со 12:11, па со конечни 30:21 ја запиша првата победа на шампионатот.

Црна Гора ќе биде наш противник во второто коло на Европското првенство, додека Данците ќе имаат многу посериозен тест и ќе одиграат дерби против Словенија.

Од вечерашните натпревари, за одбележување е и дербито меѓу Хрватска и Франција кое им припадна на „триколорите“, но на кое видовме и една интересна ситуација. Французите ги победија подмладените „каубои“ со 27:22, но и покрај тоа, натпреварот беше тензичен поради големото ривалство и имаше исклучувања.

Мандиќ беше оној кој заработи црвен картон, но истовремено му беше покажан и син картон кој привлече посебно внимание во јавноста. Правилото „син картон“ е воведено од Олимписките игри во 2016-та година, а истото значи дека ќе биде покрената дисциплинска мерка поради добиеното исклучување. Во официјалниот извештај од натпреварот ќе биде додадена пишана изјава од судијата за добиениот син картон, што значи дека Мандиќ може да заработи дополнителна казна од дисциплинската комисија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни