Поврзете се со нас

Европски првенства

Данска конечно ја победи Франција на едно ЕП и го освои брозениот медал

Објавено

на

Данска претрпе пораз од Франција во втората фаза на Европското првенств, но денеска конечно успеа да го скрши проклетството и за првпат славеше над „триколорите“ на еден континентален турнир.

„Малото финале“ во кое се играше за третото место понуди фантастична неизвесност и голема борба, во која на крајот подобро се снајдоа скандинавците кои победија и без своите двајца најдобри ракометари.

Микел Хансен поради повреда воопшто не беше во протоколот, додека Гидсел се повреди уште на самиот старт на мечот и стана јасно дека до израз ќе треба да дојдат другите ракометари.

Франција беше подобра во првиот дел и во еден момент имаше и плус четири, но Данска успеа да се врати и во завршницата имаше предност од еден гол (29:28).

Дика Мем со доста среќа погоди за израмнување и го однесе мечот во продолженија, а во дополнителните 10 минути игра, Данците беа далеку подобри и на крајот победија со 35:32 за освојување на бронзениот медал на Европското првенство.

Холм со десет гола беше лидер во триумфот на скандинавците, додека во поразениот тим се истакна Квентин Маи со 8 погодоци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни