Поврзете се со нас

Светски првенства

Данска ја прегази Португалија и ќе се бори за ново светско злато

Објавено

на

Репрезентацијата на Данска е ривалот на Хрватска во големото финале на 29. Светско ракометно првенство.

Во второто полуфинале кое се играше во Осло, избраниците на Јакобсен уште еднаш потврдија дека се неверојатен тим кој ја уништи Португалија со 40:27, селекција која до овој меч покажа навистина многу и играше квалитетен, моќен ракомет.

Меѓутоа Данците се друга димензија и сосема заслужено во недела ќе играат за четвртото светско злато во низа. Португалците беа конкурентни во првиот дел и на одмор имаат „само“ четири гола негатива, но вторите 30 минути беа друга приказна, не можеа да се носат со летечките скандинавци и им останува да се борат за третата позиција на шампионатот.

Гидсел беше најефикасен со девет голови, фантастичен пак на голот беше Нилсен. Ареија кај поразените беше прв стрелец со пет погодоци.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни