Поврзете се со нас

Светски првенства

Данска избори полуфинале по невидена драма и изведување пенали во дуелот со Египет

Објавено

на

Данска е првиот полуфиналист на Светското ракометно првенство, откако вечерва во неверојатно драматична средба го победи домаќинот Египет дури по изведување пенали (39:38).

Данците беа подобра екипа во првиот дел кој го добија со 16:13, но Египет не се откажа од битката за полуфинале, враќајќи се во игра и задржувајќи ја резултатската неизвесност до самиот крај.

Данците во последната минута имаа напад за победа и тоа беше подарок на Египет кој направи погрешна замена и наместо напад за победа, топката му беше доделена на противникот, кој сега имаше и играч повеќе.

Но, селекторот Јакобсен побара тајм-аут на само пет секунди до крајот, а Хансен погреши при додавање во последните секунди и Данска не успеа да го реши победникот.

Првото продолжение мина во доминација на Данците, стигнаа до посакуваните плус два, имаа напад при водство, но најголемата ѕвезда Микел Хансен сега прави уште поголема грешка. Данскиот репрезентативец не ја остави топката во последните секунди откако судиите им ја доделија на Египет, па поради тоа доби црвен картон, а Египет реализираше седмерец за второ продолжение и дополнителни десет минути.

Без Хансен, Данска се мачеше, но одличниот голман Ландин ја одржуваше неговата репрезентација во игра, а во последните секунди сега Египет доби црвен картон, а Маркус Ландин реализираше седмерец за 35:35 и го одведе натпреварот во пенал завршница.

Ландин имаше една одбрана повеќе од египетските голмани и на тој начин Данска се пласираше во полуфиналето на СП во Египет.

Хансен беше најдобар стрелец кај Данска со 10 голови, додека во редовите на Египет ист учинок имаше Омар Јахија, кој реализираше и седмерец во пенал рулетот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни