Поврзете се со нас

Лига на нации

Данска и одржа фудбалска лекција на Португалија, Хојлунд погоди и славеше во стилот на Роналдо (Видео)

Објавено

на

Данска и одржа фудбалска лекција на Португалија на „Паркен“ стадионот во Копенхаген, па конечните 1:0 се премала награда за играта која ја прикажаа избраниците на Брајан Ример.

Скандинавците доминираа во секој поглед и испратија девет директни удари во рамките на голот на фаворизираните Португалци, но иако заслужија да постигнат неколку во мрежата на Кошта, сепак мораа да се задоволат со само еден.

Расмус Хојлунд доби шанса како резерва и веднаш ја искористи приликата која ја доби на теренот, па неговиот удар со десна нога се покажа како клучен за важен триумф во четвртфиналето во Лигата на нации.

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед погоди со својата послаба нога и реши да слави во стилот на Кристијано Роналдо, имитирајќи ја прославата пред очите на Португалецот.

Статистички гледано, Данска имаше дури 23 обиди да го загрози голот на Португалците во текот на 90-те минути, па тоа јасно ја отсликува доминацијата која беше материјализирана и со позитива, која сепак не е доволно голема пред реваншот кој се игра за неколку дена.

Голот погледнете го ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни