Светски првенства
Данска го „сомле“ Бразил и се прошета до ново полуфинале на СП

Данска ќе игра во четвртото полуфинале во низа на светските ракометни првенства, откако селекцијата на Николај Јакобсен доминантно и авторитативно го „сомле“ бразил во третото четвртфинале кое беше на програмата денеска.
Актуелниот светски првак во најголем дел од натпреварот не наиде на вистински предизвик од „кариоките“ кои беа најголемо изненадување на турнирот, па откако го скршија отпорот на стартот на вториот дел, до крајот се погрижија за преубедлива победа изрзена со двоцифрена разлика.
Данска имаше предност од седум гола и во првиот дел во кој сепак имаше мал пад во завршницата, па откако Бразил на полувреме дојде до минус три (15:12), се чинеше дека може да има малку поголема неизвесност.
Сепак, скандинавците имаа поинакви планови и го забрзаа темпото во вториот дел, а откако целосно ја коригираа играта во одбрана, Бразил едноставно немаше никаква шанса.
Данска до 45-та минута стигна до максимални плус 8 до таа фаза од мечот, за потоа да се зголемува предноста и натпреварот да заврши со 33:21.
Благодарение на своите извонредни одбрани, голманот Нилсен беше избран за играч на натпреварот, а во офанзива се истакнаа Гидсел, Јакобсен и Шмит со по шест погодоци.
-
Лига на шампиони21 час
Гвардиола и Анчелоти одбраа: Валверде почнува како десен бек за Реал, Пеп изненади со изборот за играч за врска (ФОТО)
-
Лига на шампиони22 часа
Агуеро си игра со оган: Ако Реал го победи Сити…
-
Англија22 часа
Сколс за премиерлигашката ѕвезда: Тој треба да оди во подобар и поголем клуб од Арсенал
-
Лига на шампиони18 часа
Фуриозна кралска завршница: Реал со пресврт до голема победа на „Итихад“ (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони8 часа
Винисиус по МВП изданието: Морам да разговарам со Флорентино
-
Лига на шампиони6 часа
Навивачите на Сити открија дека зајадливата порака не била наменета за Винисиус, туку за друг член на Реал (Фото)
-
Италија6 часа
Пандев кратко го искоментира враќањето на Елмас во Серија А
-
Лига на шампиони18 часа
Куртоа: Заслуживме да победиме, ова е духот…