Светски првенства
Данска го доби скандинавското финале во Каиро и првпат ја одбрани титулата светски првак

Ракометната репрезентација на Данска ја победи Шведска (26:24) во големото финале на Светското првенство во Египет и првпат во својата историја успеа да ја одбрани титулата светски шампион.
Данците загубија три пати во финалињата на СП, пред во 2019 година да ја освојат првата титула, а сега и да се задржат на тронот уште најмалку две години.
Двете скандинавски селекции го започнаа натпреварот најчесто во ситуација гол за гол, Данците први дојдоа до плус два, но Шведска имаше подобар финиш и стигна до 13:11. Сепак, противникот во последните напади успеа да се одбрани, а на спротивната страна израмни на 13:13, што беше резултат на полувреме.
Во вториот дел се повтори истата ситуација, но Ландин повторно се разбрани на данскиот гол, па актуелниот светски првак првпат се одлепи повеќе на 23:20, што беше најава за потежок финиш за шведската селекција.
Ландин не дозволуваше противникот да се приближи до израмнување, а решавачкиот момент беше на почетокот на 58. минута, кога данскиот голман му одбрани седмерец на Ване и тоа при резултат 25:23.
Во следниот напад Данска реализираше и ја најави големата победа над традиционалниот ривал и одбраната на светската титула и тоа со резултат 26:24.
Хансен со 6 и Нилсен со 5 голови беа најефикасни кај Данска, што заедно со фантастичниот Ландин беше доволно за победа, додека на спротивната страна Ване го заврши натпреварот со 5 погодоци.

- Италијапред 24 часа
„Бум-бум“ Иле: Несторовски доби вистинска шанса и ја реши Фиорентина (ВИДЕО)
- Англијапред 21 час
Мурињо со коментар за фудбалското шоу на Бејл кое ја воодушеви Англија: Сега изгледа како играч…. (Видео)
- Шпанијапред 20 часа
Урнебес во Валдебебас: Ѕвезда на Реал мораше да вика влечна служба за својот Ролс Ројс вреден 300 илјади евра (Видео)
- Англијапред 19 часа
Лук Шо откри какво чудно објаснување добиле играчите од судијата Атвел за недосудениот пенал
- Светпред 19 часа
Тадиќ предизвика хаос со капитенот на ПСВ во 92. минута, па едвај влезе во автобусот на Ајакс (Видео)
- Италијапред 22 часа
Лукаку: Интер сака да се подобрува, Роналдо…
- Светпред 24 часа
Бекам: Сакам да ги донесеме Меси и Роналдо во Мајами
- Англијапред 20 часа
Солскјер незадоволен по дербито: Не добивме чист пенал