Поврзете се со нас

Светски првенства

Данска безмилосно ја стартуваше одбраната на тронот на СП

Објавено

на

Данска пристигна на 29-то Светско првенство како бранител на титулата која ја освои пред две години, а со воведното издание во Хернинг, скандинавската селекција само потврди дека е еден од фаворитите за највисок пласман.

Данците влегоа немилосрдно во пресметката со Алжир и малку фалеше да постигнат 50 голови на воведниот меч на мундијалот, со тоа што прашањето околу победникот го решија уште во раната фаза.

Алжирците немаа што да бараат во пресметката со ракометната велесила и брзо го положија оружјето, па на крајот гледаат да примат што помалку голови, нешто што сепак не им појде од рака.

Данска беше немилосрдна и славеше со брутални 47:22, па така авторитетно покажа дека ќе атакува на злато на уште едно големо ракометно натпреварување.

Во истиот термин вечерва, сигурна победа оствари и Австрија, селекција која без проблеми се справи со Кувајт (37:26).

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни