Поврзете се со нас

НБА

Данкан не бил фан на Џордан: Секогаш сум го почитувал, ама не сум импресиониран од него

Објавено

на

Пред одредено време заврши документарецот во десет епизоди „Последниот танц“ во кој во главна улога беше Мајкл Џордан и секако неговиот пат со колегите од Чикаго Булс до титулите во НБА лигата.

Овој серијал беше доста гледан, коментиран за време додека се емитуваше, но и сега откако е завршен. Секако на некого му се допадна, на некого не, има и такви кои сметаат дека некои работи се лажни, пренапумпани, дел од колегите, поранешните соиграчи дури и му се лути на Џордан и тоа воопшто не го кријат поради тоа што беше прикажно во филмот и каква е сликата за нив.

Во таа низа на реакции, мислења, медиумите извадија една изјава на Тим Данкан од неговата руки сезона во НБА лигата во која директно посочува дека воопшто не е фан на Мајкл Џордан што помалку е чудно со оглед на тоа што во тоа време Ем-Џеј имаше многу приврзаници и едноставно многумина му се восхитуваа и сакаа да бидат како него.

-Џордан е Џордан. Јас секогаш сум го почитувал, ама не сум  негов фан. Јас не сум импресиониран од него. Не сум импресиониран од било кој на светот, -истакна тогаш Данкан.

Тим имаше фантастична НБА кариера во која освои пет шампионски прстени со Сан Антонио Спарс, а трипати во финалните средби беше прогласуван за најкорисен играч.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни