Поврзете се со нас

Билијард и Снукер

Данилов „ја спаси сезоната“ со триумф во дициплината „6 црвени“

Објавено

на

Павле Данилов победи на последниот турнир организиран од страна на Снукер федерацијата во Македонија, а кој беше посветен на дисциплината „6 црвени“.

Откако во регуларниот дел на сезоната кумановецот Берат Јашари успеа да направи изненадување и да ја преземе шампионската титула од Данилов, денеска овој успеа да возврати и да триумфира во дисциплината која ужива брзорастечка популарност низ светот благодарение на побрзиот формат на игра, при што се користат само 6, наместо 15 црвени топки за конвенционалната снукер игра. Оваа дициплина е присутна и на Европското првенство и победникот дирекно се квалификува Светската Прфесионална Тура. Оваа година најдобрите снукер играчи од нашата земја во просториите на „Гранклуб“, во организација на САСМ се натпреваруваа за приматот прв нацонален шампион во 6 црвени.

Изненадување на турнирот беше испаѓањето на двајцата најдобри во генералниот пласман, Берат Јашари и Дејан Сипковски прво и второ рангирани во државното првенство, уште во четврт финалната фаза беа поразени од денешните финалисти, Александар Ставриќ и Павле Данилов, инаку трето и четвртопласиран во државното првенство.

Во финалето Данилов со 3:0 го совлада Александар Ставриќ, чија добра форма беше претходно прикажана со игра во финалето на Третиот турнир од државното првенство. Впечаток е дека Данилов овој пат играше поофанзивно и успешно ги користеше непрецизностите на противникот, кој во неколку наврати се закани, но немаше добра реализација.

Претходно во полуфиналето, Ставриќ со 3.0 го надигра Петар Панов, со што денешното второ место има навистина голема тежина. Петар Панов кој цела сезона е веднаш до врвот и овој пат се закани дека во иднина ќе им ги замрсува сметките на фаворитите, но денеска успеа да добие само трофеј за трето место, заедно со Влатко Јанев.

Пријатно иненадување беше младиот Кавадарчанец Димитар Ивтимов со квалификувањето во 1/4 финалето каде беше запрен од Влатко Јанев со чисти 3-0 и закажа полуфинале со Данилов. Како и предходно, Данилов се испостави како непреминлива пречка за Јанев и експресно со без изгубен фрејм го декласираше Јанев. На другата страна растечката форма на Петар Панов најавуваше лесен пласман во финалето, откако го збриша експресно Лазаревски во 1/4 финалето, во полуфиналето го дочека противникот од групна фаза Ставриќ. Почетокот на полуфиналето најави реприза на нивниот прв дуел, каде Панов доминираше. Но на самиот крај од првиот фрејм кој веќе беше добиен од страна на Петар, едно мало невнимание и недостаток на среќа откако ја внесе сината белата топка заврши во дупка, направи пат за пресврт и реванш со 3 спрема 0 за Ставриќ во следните два фрејма Финалето беше во знакот на Данилов. Во сите три фрејма не дозволи Ставриќ да парира, кај кој се чувстваше заморот од полуфиналето. Најголемиот број елимнациони мечеви завршија без голема неизвесност, но гледајќи го овој турнир и вкупниот пласман од Сениоркото, вкупен впечаток е дека постои сулна конкуренција помеѓу 7-8 снукер играчи, што е само најава за голема неизвесност во наредната сезона.

Храбри податокот дека и голем број младинци и јуниори се појавуваат во завршните фази на првенствените турнири што е доказ дека има светлина за овој спорт во нашата земја. До крајот на годината, Снукер федерацијата најавува и одржување на младинското првенство кое претходно беше одложено поради мерките за справување со пандемијата од Ковид-19.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни