Поврзете се со нас

Италија

Данило: Роналдо ќе му фали на секој тим, Јувентус е на вистинскиот пат

Објавено

на

blank

Јувентус утре ја пречекува Барселона во дербито на колото во Лигата на шампионите, средба на која италијанскиот првак нема да може да смета на првата ѕвезда Кристијано Роналдо кој се уште го нема победено коронавирусот.

Меѓутоа без разлика на тоа „бјанконерите“ се подготвени за предизвикот и ветуваат добра претстава против ривалот од шпанската Примера.

-Ова се најдобри мечеви за играње. Сакаме да победиме, мора да бидеме фокисирани. На секој тим би му фалел играч како Роналдо. Ама имаме верба во сите играчи. Имаме луѓе кои сакаат да бидат добри и ни помогнат да одиграме добар меч, -истакна Данило кој смета дека Јуве е на вистинскиот пат.

-Добро се чувствувам во овој начин на игра. Често ја имаме топката и поради тоа нема потешкотии. Не знам за утре, ама јас сум спремен да го дадам најдоброто. Мора брзо да се движиме и бидеме фокусирани. Ние сме на вистинскиот пат, -порача Бразилецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни